Манчестер Сити и Челзи ги започнале преговорите околу трансферот на Енцо Фернандез. Трансфер маркетот во Англија се затвора на полноќ. Би-Би-Си тврде дека токму денес ќе се случи еден од најспектакуларните трансфери во актуелниот проеден рок.
Клубот од Лондон бара минимум 140.000.000 евра. Аргентинскиот играч за врска е голема желба на тренерот Енцо Мареска, кој работеше со него за време на неговиот мандат во Челзи.
Фернандез е отворен и за трансфер во повеќекратниот англиски шампион. Доколку клубовите се согласат, личните услови на Аргентинецот нема да бидат проблем. Тој би потпишал договор до јуни 2031 година, со можност истиот да биде продолжен на уште една сезона.
Доколку трансферот се случи според условите што ги објави Би-Би-Си, тоа ќе биде едно од најскапите засилувања во историјата на Премиер лигата.
Само трансферот на Александар Исак од Њукасл во Ливерпул вредеше повеќе кога за Швеѓанецот беа издвоени 147 милиони евра.
Foto/ Depositphotos







