Бранителот на титулата во кралската класа, возачот на Дукати, Марк Маркез победи во спринт трката, возена на патеката „Марко Симончели“ во Мизано. Постариот Маркез победи пред возачите на Априлија, домашниот фаворит, Марко Бецеки и шампионот од пред две години, Хорхе Мартин.
Марк Маркез оставри рутинска победа на легендарната патека. Веднаш ја презеде лидерската позиција од носителот на пол-позицијата, Бецеки, се одвои на една секунда од конкурентот и ја забележа 21-та спринт победа во кариерата.
Спринтот не донесе малку возбудувања, нив ги приреди Мартин, кој старетуваше од петтото место, успеа да го мине Алдегер, а во седмиот круг и Диџантонио.
Токму Диџа заврши четврти, Алкес Маркез петти.
Во генералниот пласман Мартин остана лидер, има 14 поени повеќе од Марк Маркез и 22 од Бецеки.
Foto/ EPA







