Тухел: Тимот е се составен од 26-те најдобри, туку од 26-те што најдобро функционираат

Томас Тухел толку многу ја шокираше јавноста во Англија со списокот на фудбалери за Светското првенство, што мораше да ја објасни секоја одлука поединечно на конференцијата. Имено, германскиот стручњак реши на СП да не одат Кол Палмер, Фил Фоден, Хари Мегваер, Лук Шо, Трент Александар Арнолд итн…

Во обид да ја објасни радикалната одлука, Тухел рече дека се водел од фактот дека тимот не треба да биде составен од најдобрите играчи, туку од оние кои најдобро работат заедно.

„Од првиот ден бевме јасни во обидот да го направиме најдобриот можен тим, а тоа не мора да значи покана за 26-те најталентирани играчи. Тимовите ги освојуваат ваквите турнири, а она кон што се стремиме може да се постигне само како тим. Имаме играчи кои се подготвени и посветени на идејата за тимски дух и несебичност“, започна Тухел.

Со тоа колку значење им придаде на пеналџиите при составувањето на списокот, покажува и фактото дека го повика Ајван Тони од Саудиска Арабија.

„Имаме специјалисти за многу различни сценарија – кога водиме, кога бркаме резултат… Секогаш зборувавме за желбата да бидеме тим кој е јак во прекин играта, па затоа имаме специјалисти и за тој сегмент. Сакаме да бидеме подготвени и за пенали, и тука имаме специјалци.“

Тој конкретно го објасни изборот на Ајван Тони, кој постигна 42 гола и 11 асистенции во сите натпреварувања за Ал-Али оваа сезона.

„Беше малку изненадување и за нас (ха-ха). Кога го разгледавме целиот спектар на можни играчи, тој беше во нашите мисли. Имав неверојатни повратни информации од неговиот тренер во клубот. Можевме да видиме дека неговите бројки се сè уште одлични. Тој има одлични карактеристики што можат да ни помогнат ако треба да бркаме резултат. Тој ќе биде корисна помош за Хари Кејн со своето присуство во шеснаесетникот, може да привлече бекови, тој е вистински егзекутор, а ќе биде корисен во скок играта… Да не зборуваме за фактот дека тој е елитен изведувач на пенали.“

Тухел истакнува дека кохезијата во тимот е основа на успехот на „Гордиот Албион“, кој по точно 60 години се обидува да го врати трофејот од Светското првенство „дома“.

„Суштината е дека градиме братство кое има посебна енергија, енергија која ќе ја пренесеме на нашите навивачи. Кога ќе го постигнеме тоа, сè е можно. Ќе се обидеме да го освоиме ова првенство. Имам апсолутна доверба во оваа група играчи. Одлуката беше многу тешка, разговорите беа болни. Не е лесно да им се објасни на играчите дека не се избрани. Недели и месеци, тие носат јасна слика и одреден агол што е неопходен. Сакаме играчите да имаат јасни улоги во своите глави.“

Германецот не заборави да потенцира дека неооходен фактор е и среќата.

„Ни треба малку среќа. За тимот да биде во ред, да остане здрав. Исто така, да го фати моментумот. Да изградиме братство. Да играме храбро и да бидеме гладни и да ги искористиме посебните моменти. Кога ќе стигнете до нокаут фазата, секој натпревар е на работ. Не можете да го направите тоа без челични нерви.“

Што мисли Тухел за реакцијата на Хари Мегваер на изоставувањето од составот…

„Бев малку изненаден, но ја почитувам неговата личност и квалитети. Го видов разочарувањето и причините за тоа. Но, сепак бев изненаден бидејќи разговаравме приватно и тој имаше можност да изрази како се чувствува. Се држиме цврсто до дефанзивците кои нè водеа низ септемвриските, октомвриските и ноемвриските натпревари. Некои од нив се дел од лидерскиот тим кој постави високи стандарди.“

И изборот на Џон Стоунс, кој пропушти добар дел од сезоната, беше дискутабилен.

„Имам огромна доверба во Џон Стоунс. За мене, тој е играч од врвна класа, неверојатен карактер и докажан шампион.“

Џед Спенс од Тотенхем, кој ги одигра единствените минути во дресот на репрезентацијата против Србија минатата есен, исто така доби покана.

„Тој е најбрзиот фудбалер во нашиот тим и сака да се брани во ситуации еден на еден. Тоа го прави посебен бек за нас. Може да игра на двете страни и можам да му верувам“, нагласи Томас Тухел.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top