УЕФА: Немаше пенал за Арсенал

Големата драма во Мадрид доби ново поглавје. На крајот од натпреварот против Атлетико Мадрид, Арсенал не доби пенал, што предизвика бурна реакција од тренерот Микел Артета, кој тврди дека одлуката е „против правилата“.

Првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите заврши со 1:1, но главна тема стана ситуацијата од 78-та минута, кога Ечебери Езе, падна во шеснаесетникот по дуелот со Давид Ханцко.

Судијата Дани Макели, прво покажа на белата точка, но набрзо се вмеша и ВАР собата. По препорака повторно да се погледне ситуацијата, судијата го прегледа видеото од и ја промени одлуката.

Таквиот исход го разбесни Артета, кој ја оцени одлуката како „целосно неприфатлива“. Експресно се огласи и УЕФА со кратко соопштение.

„Играчот на Атлетико, со број 17, не направи фаул над противникот.“

Како одговор на дополнителни прашања и барања за подетално објаснување, УЕФА не сакаше да навлегува во подлабока анализа на процесот на донесување одлуки, што дополнително ја разгоре контроверзноста.

Да ве потсетиме дека при воведувањето на ВАР технологијата беше нагласено дека таа ќе се користи само во ситуации на јасни и очигледни грешки, поради што токму оваа одлука предизвика големо изненадување во Арсенал.

Scroll to Top