Фабио го сруши рекордот на Питер Шилтон

Голманот на Флуминензе, Фабио, го сруши рекордот на Англичанецот Питер Шилтон според бројот на одиграни натпревари во професионалниот фудбал

Фабио (44), синоќа го одигра 1.391 натпревар во кариерата.

Тој бранеше за Флуминензе против колумбискиот клуб Америка де Кали (2:0) во реваншот од осминафиналето на Копа Судамерикана.

Бразилскиот голман го сруши рекордот на Шилтон, кој, според Гинисовата книга на рекорди, бранел во 1.390 натпревари.

Кариерата на Шилтон (75) траеше од 1966 до 1997 година.

Фабио дебитираше во 1997 година за Униао Бандеиранте. Потоа бранеше за Атлетико Паранаенсе, Васко де Гама, Крузеиро, а од 2022 година е член на Флуминенсе.

„Големо е задоволството да се постигне овој рекорд во дресот на Флуминенсе. Сега е време да се продолжи со играње и да се стремиме кон нови достигнувања во следните натпревари“, рече Фабио.

Scroll to Top