Фенербахче ќе ги задржи клучните играчи

Директорот на кошаркарската секција на Фенербахче, Џем Џиричи, откри дека и Тејлен Хортон-Такер и Тарик Биберовиќ ќе го носат дресот на европскиот шампион и следната година.

„Хортон-Такер се заљуби во клубот, ќе продолжи со нас следната сезона“, изјави Џиричи за „Спортс Диџитале“.

Тој зборуваше и за Тарик Биберовиќ, за кого во претходните месеци се шпекулираше дека би можел да се пресели во НБА.

„Во моментов нема ништо конкретно од НБА. Можеби имаше интерес за Тарик, но тој е наш играч и ќе остане со нас“.

Џиричи потврди дека клубот веќе работи на засилувања за следната сезона.

„Фенербахче играше на Фајнал Фор осум пати во последните 11 години. Трансферите се планираат однапред и преку сериозни преговори“, рече тој, без да открие конкретни имиња.

Во петок, Фенербахче, на Завршниот турнир во Атина, во полуфиналето ќе се сретне со Олимпијакос. Втората полуфинална двоја е Валенсија-Реал Мадрид.

Scroll to Top