Филкруг пристигна во Милан

Никлас Филкруг (32) официјално го засили тимот на Милан и ќе конкурира за место во тимот, за натпреварот со Каљари.

Филкруг пристигна во кампот на „росонерите“ од Вест Хем, каде што остана година и пол.

Претходно, тој играше за Борусија Дортмунд, Вердер Бремен, Хановер, Нирнберг и Гројтер Фирт.

Тој ги одигра своите најдобри натпревари во дресот на Вердер, каде што постигна 45 гола на 90 натпревари во четири сезони. Во неговиот претходен клуб, Вест Хем, постигна три гола на 29 натпревари.

Милан го позајми од „чеканите“, а дали ќе го откупат неговиот договор зависи исклучиво од игрите и перформансите на напаѓачот до крајот на сезоната.

Да ве потсетиме дека „росонерите“ почнаа да бараат нов напаѓач по повредата и операцијата на глуждот на Мексиканецот, Сантијаго Хименез.

Foto/ freerangestock

Scroll to Top