Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „Илинден Куп 2025“ кој се одржуваше во општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 3500 учесници од околу 217 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години, известува Општината.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со македонската фудбалска легенда, Илија Најдовски, ги доделија медалите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во шест категории, такашто во категоријата на деца од 2013 година првото место го освои „Кидс Темпа“, второ место за „Гроздановски„ и третото место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2014 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Брегалница“ и трето место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2015 година првото место е за „Форца“, второ место за „Национал“ и трето место за „Андертехт“.
Во категоријата на деца од 2016 година првото место го освои екипата на „Динамо“, второто место за „ЦР.Ѕвезда“ и третото место „Клуб Бруг“.
Во категоријата на деца од 2017 година првото место е за „Еуроспорт“, второ место за „Аеродром“ и третото место за „Јанг Тим“.
Во категоријата на деца од 2018 година прво место е за „Цр.Ѕвезда“, второто место е за „Мондано“ и трето место за „Кидс Темпа“.
„Илинден Куп 2025“ е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на општина Илинден. На терените во Илинден, Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.







