Ајмерик Лапорт ги понуди своите услуги на Барселона за време на Светското првенство, но каталонскиот клуб не е заинтересиран за неговото доаѓање.
Како што објавува „Мундо Депортиво“, искусниот стопер сакал да се пресели во клубот со кој претходно беше поврзуван, особено по одличните игри во дресот на шпанската репрезентација.
Лапорт, заедно со Пау Кубарси, го формираа одбранбениот ѕид на светските шампиони, кои примија само еден гол на целиот турнир.
На хартија, трансферот изгледаше логично. Барселона веќе некое време бара стопер што игра со левата нога, кој ќе игра покрај Кубарси, а Лапорт совршено се вклопува во тој профил.
Сепак, Ханси Флик не сметаше дека зајакнувањето на одбраната е потребно.
Германскиот стручњак има голема доверба во Жерар Мартин, а на располагање ги има и Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен, Жил Кунде, Алваро Кортес и Роналд Араухо, доколку Уругваецот остане во клубот.
Друга причина е сложеноста на потенцијалниот трансфер.
Лапорт е под договор со Атлетик Билбао до 2028 година и нема откупна клаузула, што значи дека Барселона ќе мора директно да преговара со баскискиот клуб.
По комплицираните преговори околу Нико Вилијамс во претходните години, челниците на Барселона не сакаат повторно да влегуваат во исцрпувачки разговори со Атлетик.
Затоа, и покрај квалитетот и искуството што би го донел, 32-годишниот стопер во моментов не е опција за каталонскиот клуб.
Foto/ Depositphotos







