Манчестер јунајтед се согласи да го позајми Расмус Хојлунд на Милан, но договорот сè уште не е дефинитивно склучен. Данскиот напаѓач стана вишок на „Олд Трафорд“, откако во клубот дојдоа Матеуш Куња и Бенјамин Шешко. Милан веднаш покажа сериозен интерес за Хојлунд. Според „Газета дело Спорт“, се очекува челниците на Јунајтед да му соопштат на официјален состанок, на Хојлунд, дека е вишок во тимот, а потоа треба да се пресели на „Сан Сиро“. Манчестер е подготвен да го испрати на позајмица, а двата клуба сè уште не го дефинирале моделот по кој Хојлунд би се преселил во италијанскиот гигант. Сигурно е дека по завршувањето на сезоната, Милан ќе мора да го откупи неговиот договор од Манчестер јунајтед. Според медиумите станува збор за сума од околу 35 милиони евра. Фото/ Принскрин
