Медениот месец на Чаби Алонсо во Реал заврши, сега мора да се справува со големите ега во соблекувалната. Реал нема победа на последните три од последните четири натпревари, загуби од Ливерпул во Лигата на шампионите и одигра нерешено во Примера против Рајо Ваљекано и Елче.
Нерешениот резултат во Елче е резултат на нарушената атмосфера во тимот, тврдат шпанските медиуми. Откриваат дека две групи владеат во соблекувалната.
Според медиумите, дека атмосферата не е добра, јасно видливо и на теренот. Играчите не го притискаат противникот како порано и не изгледаат поврзани со тренерот, пишува „Копе“.
„Незадоволни играчи? Винисиус, Валверде, Родриго, Брахим, Ендрик, Менди… Задоволни? Хаусен, Карерас, Куртоа, Гулер и Мбапе“, објави „Копе“ и нагласува дека во тимот има повеќе незадоволни отколку задоволни фудбалери, но не сакаа да ги откријат сите имиња бидејќи некои, како што тврдат, се „некаде измеѓу“.
Чаби и неговите асистенти мора некако да ја обединат соблекувалната пред претстојните натпревари, во спротивно ќе се размислува дури и за смена на тренерот.
Чаби Алонсо и неговите помошбници сè уште веруваат дека можат да ја свртат сезоната во своја корист. Точно е дека некои клучни играчи се надвор од форма, но на 25 ноември е, Реал е прв во Ла Лига и меѓу осумте најдобри во Лигата на шампионите.
„Чаби Алонсо мора да воведе меритократија и да игра со оние кои се во најдобра форма, а да ги испрати на клупата оние кои не ги почитуваат неговите одлуки или не ги извршуваат неговите барања. Тоа е единствениот начин да ја добие довербата од соблекувалната на своја страна“, заклучуваат Шпанците.







