Шпанскиот стручњак Чаби Алонсо излезе во прв план како главен кандидат за нов тренер на Челзи, тврдат британските медиуми.
Според „Атлетик“, раководството на лондонскиот клуб сериозно размислува за ангажирање на поранешниот стратег на Рел Сосиедад Б, Баер Леверкузен и Реал Мадрид.
Алонсо има силна поддршка во рамките на сопственичката структура на клубот, а неговото доаѓање би можело да означи промена во начинот на кој работи Челзи, бидејќи тренерот би добил значително поголемо влијание врз трансфер политиката и формирањето на тимот.
Покрај Алонсо, меѓу кандидатите за клупата на „Сините“ се Марко Силва од Фулам, како и Андони Ираола, кој ќе го напушти Борнмут на крајот од сезоната.
Челзи сака што поскоро да го реши прашањето за нов тренер, за да може клубот да биде подготвен за летниот преоден рок и почетокот на подготовките за следната сезона.
Foto/ Depositphotos







