Фудбалерот на Челзи, Жоао Педро, ќе потпише нов договор со до 2032 година, со можност за продолжување на соработката за уште две години, објавија британските медиуми.
24-годишниот бразилски напаѓач му се придружи на тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатото лето од Брајтон за 55 милиони фунти со дополнителни пет милиони бонуси.
„Кога потпиша, клубот соопшти дека договорот траел до 2033 година, но договорот бил до 2032 година со опција за продолжување за уште една година“, објави Би-Би-Си.
Челзи обично вклучува клупски опции кога ја наведува должината на договорот на играчот во официјалните соопштенија.
Затоа, кога ќе се потврди новиот договор на Педро, најверојатно ќе се објави дека тој е под договор до 2034 година, иако самиот договор трае до 2032 година, со дополнителна опција за продолжување на дополнителни две години.
Всушност, Челзи го продолжи неговиот договор со подобрени услови.
„Оваа стратегија не е само дизајнирана да ја заштити инвестицијата, бидејќи Барселона беше заинтересирана за Педро, туку претставува и награда за неговите добри игри“, соопшти Би-Би-Си.
Минатата сезона Жоао Педро стана првиот напаѓач на Челзи по Диего Коста кој постигна 20 гола во една сезона, а ниту еден од тие голови да не е постигнат од пенал.
Тој, исто така, постигна три гола на Светското клупско првенство кое Челзи го освои минатото лето.
Foto/ Depositphotos







