Чоло Симеоне блеска од среќа по драматичната победа над Интер

Во петтото коло од Лигата на шампионите, Атлетико Мадрид оствари важна победа над Интер (2:1), со гол во третата минута од судиското продолжение што го постигна Хименез.

По натпреварот, тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не го криеше своето задоволство.

Во своите изјави за медиумите, Симеоне имаше настап во свој стил и даде интересни изјави, секако не ја криеше радоста поради победата.

„Љубовта и верата се најважните работи во оваа работа. Имам играчи кои ме следат, а тоа е клучно за секој тренер.“

Потоа зборуваше за составот на тимот.

„Внимавајте, имав играчи на клупата кои сакаа да го започнат натпреварот, но реков не, почекајте ја вашата шанса и така беше.“

А потоа Симеоне го коментираше тимот на Интер во свој стил.

„Игравме против многу силен тим, моментално најсилниот во Лигата на шампионите“, рече Симеоне за Интер и ги остави новинарите малку изненадени, а потоа на крајот додаде.

„Знаевме дека во второто полувреме имаме репертоар како да го запреме и да го добиеме најдобриот тим во Лигата на шампионите“.

По пет одиграни кола од лигашката фаза на Лигата на шампионите, Атлетико е на 12-та позиција со девет бода и со оваа победа направи важен чекор кон нокаут фазата. Интер е четврти со 12 бода.

Во следното шесто коло, Атлетико ќе гостува кај ПСВ во Ајндховен, а Интер ќе го пречека Ливерпул.

Foto/ EPA

Scroll to Top