Никола Јокиќ ќе игра за Србија во јули и август, во квалификациите за пласман на Светското првенство, потврди за „Моцартспорт“, селекторот, Душан Алимпијевиќ.
Србија прво ќе има дуели со Швајцарија (2 јули) и Босна и Херцеговина (5 јули), во квалификациите за Светското првенство, а како што стојат работите, Алимпијевиќ ќе може да смета на Никола Јокиќ.
„Ништо не беше спорно од првиот момент, тој е човек со кого сум во контакт од првиот момент откако седнав на селекторската позиција. Комуникацијата со него се одвива на наједноставно и најлесно можно ниво, тој навистина живее за репрезентацијата, иако можеби на некои не им изгледало така во некои моменти, тој е човек кој е многу возбуден за репрезентацијата. Им се јавил на своите соиграчи и им се заблагодарил за борбата во претходните квалификациски прозори. Очекуваме, ако оди според планот, секако не знаеме што може да се случи до 22 јуни, но во името на Бога, здравјето, го очекуваме да ни се прклучи“, изјави Алимпијевиќ за „Моцартспорт“.
Српскиот селектор откри дека ситуацијата е поинаква со капитенот на националниот тим, Богдан Богдановиќ.
„Различно е со Богдан. Тој има ситуација што ја решава со својот матичен клуб, има одредени мали здравствени проблеми што се решаваат. Можам да кажам дека е сигурно дека ќе го прескокне јулскиот прозорец, но ќе биде тука со тимот во августовскиот прозорец“, рече селекторот.
Foto/ Depositphotos







