Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Барселона хендикепирана пред дуелите со ПСЖ и Реал

19.10.2026, 08:30

Утре, ПСЖ и Барселона ќе го одиграат големото дерби во третото коло од Лигата на шампионите. Пред заминувањето за Париз, тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, се соочи со лоши вести бидејќи неговата одбрана ќе биде целосно „десеткувана“.

Во саботата, Барселона го победи Бетис на гостински терен со 5:2, но остана без двајца важни дефанзивци.

Ерик Гарсија и Жил Кунде се повредија, а според последните информации, нема да бидат подготвени за дуелите со Пари Сен Жермен и Реал Мадрид.

Полошо помина Ерик Гарсија, кој ќе биде надвор од теренот три до четири недели поради повреда на бутниот мускул, додека Кунде веројатно ќе биде надвор од теренот околу седум дена.

Џерар Мартин исто така почувствува непријатност во мускулот, но тој ќе биде подготвен за ПСЖ во вторник и за Реал во недела. На сето ова, треба да додадеме дека Андреас Кристенсен се повреди претходно и ќе биде надвор од теренот уште еден месец.

Ова значи дека Ханси Флик во овој момент нема избор, и дека дефанзивците против Пари Сен Жермен и Реал Мадрид ќе бидат Чави Еспарт и Жоао Кансело, а стоперите ќе бидат Кубарси и Мартин, додека единствената дефанзивна промена е Алехандро Балде.

Барса ќе гостува кај Пари Сен Жермен во вторник во 21:00 часот, а потоа Реал Мадрид ќе гостува на „Камп Ноу“ во исто време во недела.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести