Голман во Шпанија ја доби максималната казна по трагедијата

Голманот на Андора, Хесус Овоно, беше казнет со 12 натпревари суспензија по инцидентот на натпреварот со Тенерифе.
На тој натпревар, во продолжението, Овоно налета на Хесус де Мигел, кој почина следниот ден како резултат на судирот.
Дисциплинската комисија на ФС на Шпанија му ја изрече максималната казна што ја дозволуваат прописите за таков прекршок.
Во образложението беше наведено дека 12 натпревари е најстрогата санкција што ја дозволуваат Дисциплинските правила за прекршокот опишан во извештајот на судијата.
Трагичниот настан се случи на 2 ноември на натпревар во шпанската втора лига.
Овоно доби црвен картон затоа што го удрил Де Мигел со коленото, кој неколку секунди подоцна ја изгубил свеста и починал еден ден подоцна.



