Петок, 30 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Крос откри како Мурињо ја надмудрил Барселона

Тони Крос не крие дека е импресиониран од она што Реал Мадрид го покажа во Ел Класико против Барселона, а особено беше импресиониран од подготовката на натпреварот што ја направи Жозе Мурињо.

Поранешниот играч од средниот ред на „Кралскиот клуб“ верува дека португалскиот тренер пронашол начин целосно да ја наруши играта на каталонските гиганти.

Реал Мадрид славеше со 2:1 на „Камп Ноу“ и со тоа оствари една од најважните победи во досегашниот тек од сезоната.

Иако Барселона имаше свои периоди на добра игра, мадридскиот тим изгледаше поорганизиран, поагресивен и многу поконкретен во клучните моменти.

Еден од оние што внимателно ја анализираа играта беше Крос, кој цела деценија го носеше дресот на „Кралскиот клуб“ и добро знае што носат ваквите натпревари.

Во својот подкаст „Einfach mal Luppen“, кој го води заедно со својот брат Феликс, Германецот објасни што, според него, било клучно за победата на Реал.

Поранешниот германски репрезентативец го издвои начинот на кој Барселона го брани просторот и се обидува да го запре противникот со висок притисок.

„Доколку Барселона не успее да ја преземе контролата со својот пресинг, има големи проблеми кога другиот тим ја менува страната на нападот и со топките што се испраќаат зад грбот на одбраната. Тоа го видовме во натпреварот против Париз. Тогаш се појавуваат сериозни проблеми бидејќи тие сè уште се бранат многу ризично“, објасни Крос.

Според него, Реал Мадрид успеа да ги искористи максимално тие слабости.

Наместо да ѝ дозволат на Барселона да го наметне својот ритам, играчите на Реал постојано вршеа притисок и бараа простор зад противничката одбрана.

Кроос објасни дека играчите на Реал успеале да ги неутрализираат најопасните играчи на Барселона и да ги спречат да ја развијат својата препознатлива игра.

„Според мене, тие успеаја да се погрижат најдобрите играчи на Барселона да не се чувствуваат конфорно, да не можат да ја развијат својата игра и поради тоа да не направат грешки што инаку не би ги направиле“, рече поранешниот играч од средниот ред на Реал.

Кроос беше особено импресиониран од енергијата што Реал Мадрид ја покажа за време на средбата.

Тој верува дека агресивноста во играта без топка бил еден од клучните фактори што го одлучија победникот.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести