Понеделник, 19 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Малер, тешка повреда на Бен Симонс

19.10.2026, 10:27

Австралискиот кошаркар Бен Симонс претрпе сериозна повреда и го чека долга пауза.

Два дена пред почетокот на новата сезона, Шамс Чаранија известува дека Бен Симонс ја скинал Ахиловата тетива на тренингот во неделата.

Сакраменто Кингс беа возбудени за Симонс во предсезоната, а сега се во ужасна ситуација бидејќи по лекарските прегледи и магнетната резонанца, беше потврдено дека има кинење на тетивата и дека за него сезоната е завршена.

Кога Бен Симонс дојде во НБА од ЛСУ се сметаше за елитен талент и човек кој беше споредуван со Меџик Џонсон и Леброн Џејмс поради неговата ретка комбинација од висина, интелект и талент.

Тој беше прв избор во 2016 година и отиде во Филаделфија, каде што ја пропушти првата година поради повреда на стапалото, потоа играше одлично во следните неколку сезони, но по 2021 година кариерата константно му се движи по надолна линија.

Играше дорбо во подготвителниот период, во Сакраменто беа задоволни, но сепак поради сериозна повреда, сезоната за него заврши.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести