Mбапе: Меси и Роналдо се многу различни

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе (27) одигра индивидуално одлична сезона за Реал Мадрид. Тој беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и во Шпанското првенство, но Реал не освои ниту еден трофеј минатата сезона.

Пред Светското првенство, тој даде интервју за „Сораре“, во кое зборуваше за бројни теми. Една од нив беше споредбата помеѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Играв со Меси и против Роналдо. Кристијано е мојот идол, но бев во истиот тим со Лео. Двајцата се многу различни играчи. Имаше големо соперништво меѓу нив. Некои тврдат дека Роналдо добил сè преку напорна работа и дека Меси е чист талент. Тие што го тврдат тоа немаат поим и никогаш во животот не тренирале фудбал“, рече Мбапе.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top