Се подготвува драстична промена во НБА

Комесарот на НБА, Адам Силвер, наводно е наклонет кон идејата за скратување на натпреварите на 40 минути.
Причината е загриженоста за повредите и натпревари што ги пропуштсат најголемите ѕвезди во лигата.
Според Крис Маникс од „Спортс илустрејтед“, Силвер е отворен за предлогот НБА натпревар да се игра, во четири четвртини од 10 минути, моделирани по европски модел.
„Мислам дека на Адам Силвер, од она што го слушнав, му се допаѓа идејата за 40-минутни натпревари. Адам е глобалист кога станува збор за кошарка, но едноставно не гледам како е финансиски изводливо. Исто така, не мислам дека тоа ќе влијае на минутите на ѕвездите“, рече Маникс.
Тој верува дека тоа би имало многу поголемо влијание врз секундарните играчи.
„Ќе видите играчи од клупата како се повеќе и повеќе маргинализирани, до тој степен што тимовите ќе велат: „Не ни треба ротација од 15 играчи. Ни требаат само 10 играчи. Ќе задржиме еден куп слободни места во составот или нешто слично. Не мислам дека тоа е разумно“, рече Маникс.
Силвер претходно во јануари 2025 година изјави дека е обожавател на натпревари од 40 минути и дека телевизиски производ од околу два часа е посоодветен за современите навики за гледање телевизија.
Тешките повреди на играчи како Ентони Едвардс, Џејлен Вилијамс, Кејсон Волас и многу други повторно ги покренаа прашањата за оптоварувањето на играчите во распоред од 82 натпревари и дали лигата може да направи повеќе за да ги задржи врвните играчи.
Foto/Depositphotos

