Среда, 21 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

(Видео) Филаделфија го победи шампионот, Оклахома го растури Сан Антонио

21.10.2026, 09:03

Филаделфија и Оклахома со победи го заокружија првиот ден од новата сезона во НБА лигата. Филаделфија го победи актуелниот првак Њујорк во „Медисон Сквер Гарден“ со 106:110, додека Оклахома без поголеми проблеми им се реваншира на Сан Антонио за елиминацијата во финалето на Западот минатата сеозна (116:104).

Натпреварот во Њујорк беше прв за Леброн Џејмс и Џејлен Браун во дресот на Филаделфија, екипа која се позиционира како еден од главните конкуренти за шампионската титула со новите играчи.

Најефикасен играч на Филаделфија беше Тајрис Макси со 28 поени. Браун имаше 19 поени, осум скока и шест асистенции во своето клупско деби, а Леброн Џејмс ја започна својата 24-та сезона, најмногу во лигата, со 14 поени, девет скока и шест асистенции.

Анферни Симонс даде значаен придонес со три тројки, а новиот играч Кентавиус Колдвел-Поуп со две.

За Никс, Џејлен Брансон, MВП на минатогодишните финалиња, постигна 21 поен, но со слаб шут од поле од 6/19. Карл-Ентони Таунс го заврши натпреварот со 19 поени и 12 скока.

Сан Антонио на 30 мај победи во Оклахома, во седмиот меч од финалната серија на Западот, но на отворањето на сезоната Спарс беа немоќни. Оклахома во првиот дел го реши мечот, на полувреме Тандер имаа водство 65:44.

Најзаслужен за победата беше Шеј Гилџис-Александер со 32 поени. Голем придонес во победата даде и Џаред Мекејн, кој постигна 20 поени со одличен шут за три поени – погоди шест од осум обиди.

На спротивната страна, Виктор Вембањама имаше ноќ за заборав. Францускиот центар постигна само 12 поени, со катастрофален шут од поле – погоди само еден од 13 обиди.

Оклахома Тандер ќе бидат домаќини на Денвер во нивниот следен натпревар во четврток навечер, додека Сан Антонио, во петок, ќе се соочи со Хјустон во Остин.

Поврзани вести