(Видео) Пијан судија предизвика скандал во Азиската лига

Натпреварот помеѓу Ал Џазира и Гол Гохар во Азиската Лига на шампиони 2 го привлече вниманието на фудбалската јавност, од причини што немат врска со фудбалот.
Судијата од Сирија, Хан Хатаб направи вистинска мешаница, покажувајќи му жолт картон на голманот на домашната екипа, Ерсин Дестаноглу, за прекршок на средината од теренот?!
Никој не можеше да поверува кога судијата, по остар дуел и прекршок, го повика голманот кој немаше апсолутно никаква врска со споменатата ситуација.
Конфузијата траеше неколку минути, а целото ова „Реално шоу“ заврши со тоа што Хатаб беше заменет на полувремето, бидејќи наводно, пијан го судел натпреварот.
Менаџерот на тимот, Гол Гохар Хејдар Афсари, по натпреварот изјави дека судијата дефинитивно не бил во „нормална состојба“, што, како што вели тој, го потврдиле и противничките играчи.
„Судијата против Ал Џезира не беше во нормална состојба, дури и играчите на Ал Џезира ни го кажаа тоа. Клубот веднаш ги информираше службените лица на натпреварот и предупреди дека нема да играме ако ситуацијата остане иста. Играчот на Ал Џезира со број 77, требаше да биде исклучен по неговиот втор прекршок, но судијата наместо тоа му додели жолт картон на противничкиот голман. Судијата беше заменет откако ја информиравме АФЦ“, рече Афсари по натпреварот.
На крајот, домашната екипа славеше со гол на искусниот Андерсон Талиска.


