(Видео) Стеф Кари и Голден Стејт победија со разлика од 51 поен

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ја продолжија импресивната победничка серија, во ноќта помеѓу понеделник и вторник, ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 138:87.
Тимот од Сан Франциско победи со дури 51 поен разлика, што е воедно и најголемата победа на кој било НБА тим во сезоната досега.
Ова е осмиот последователен триумф на Вориорс, кои ја започнаа сезоната со три порази, а сега се во одлична форма. Голден Стејт ја оствари четвртата најголема победа во историјата на франшизата, последен пат кога славеа со поголема разлика беше во април 2023 година, кога победија против Портланд со разлика од 56 поени.
Од друга страна, Пеликанс го доживеаја најубедливиот пораз во историјата на франшизата.
Стефен Кари беше меѓу најзаслужните за новата победа со 25 поени, иако помина малку повеќе од 20 минути на теренот.
Тој погоди четири тројки од десет обиди, а во текот на натпреварот го престигна Демар ДеРозан и се искачи на 16-то место на листата на најдобри стрелци во НБА со вкупно 26.803 поени.
Посебно внимание привлече и Џими Батлер, кој не можеше да игра поради повреда, но се појави во улога на член на тренерскиот штаб.
Облечен како тренер, тој држеше знак на кој пишуваше „Дај му ја топката на Стеф“.
Брандин Подзиемски постигна ист број поени (25), додека Јаксал Ландеборг запиша 23 поени, седум скока и четири асистенции.
Чарлс Баси додаде 12 поени и 10 скока, а Диентони Мелтон го заврши натпреварот со 16 поени.
Foto/ Depositphotos



