Вторник, 27 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Златна топка: Кејн и Мбапе водеа „борба“ последниот глас

Хари Кејн ја освои Златната топка за 2026 година пред Килијан Мбапе и Ламин Јамал, а првите детали од гласањето открија колку неизвесна била битката за најпрестижното индивидуално признание во фудбалот.

Магазинот „Франс фудбал“, кој традиционално ја доделува оваа награда, сè уште не го објави точниот број на поени за сите 30 кандидати.

Сепак, Винсент Гарсија, главен уредник на овој магазин и директор на организацијата зад изборот, даде детали за гласањето во интервју за шпанската „Марка“.

Според него, разликата помеѓу првопласираниот Кејн и Мбапе била исклучително мала, дури и помала од онаа што ги раздели Родри и Винисиус Жуниор во 2024 година. Тогаш шпанскиот играч од средниот ред триумфираше со 41 поен повеќе од Бразилецот.

„Разликата помеѓу Кејн и Мбапе е помала отколку што беше помеѓу Родри и Винисиус во 2024 година. Тогаш беше 41 поен, што само по себе не беше многу“, објасни Гарсија.

Конечното рангирање на Ламин Јамал, кој заврши на третото место, привлече посебно внимание. Според објаснувањето на првиот човек на „Франс Фудбал“, распределбата на гласовите беше под влијание и на фактот дека членовите на жирито имаа тешкотии да издвојат поединец во исклучително успешната шпанска репрезентација.

Гарсија истакна дека дел од гласовите отидоа кај Родри, што влијаеше на резултатот на Јамал. Исто така, околностите под кои младиот фудбалер настапи на Светското првенство, вклучувајќи повреда на почетокот на турнирот и само еден постигнат гол, беа меѓу факторите што ги зедоа во предвид гласачите.

„Имаше одредено растурање на гласовите меѓу шпанските фудбалери. Тие беа исклучителен тим, па затоа беше тешко да се издвои индивидуален настап“, рече Гарсија.

Според неговото објаснување, жирито имаше тешка задача да направи јасна разлика помеѓу играчите кои постигнаа голем успех заедно, поради што гласањето бело особено интересно.

Конечниот пласман за Златната топка 2026:

Топ 10: Хари Кејн, Килијан Мбапе, Ламин Јамал, Родри и Лионел Меси, Хвича Кварацхелија, Усман Дембеле, Ерлинг Халанд, Михаел Олисе и Фабијан Руиз.

Вака излгледа пласманот од 11-то до 30-то место: Џуд Белингем, Пау Кубарси, Ашраф Хакими, Витиња, Деклан Рајс, Феран Торес, Винисиус Жуниор, Марк Кукуреља, Жоао Невеш, Вилијам Пачо, Габриел, Лаутаро Мартинез, Нуно Мендеш, Луис Дијаз, Маркињос, Дајот Упамекано, Бруно Фернандеш, Хулијан Кинонес, Вилијам Салиба и Садио Мане.

Foto/ EPA

Поврзани вести