Среда, 28 октомври 2026МаркетингКонтакт
Пребарај

Жоао Педро во аут неколку недели

Во најавата за дербито од Лига купот против Ливерпул на „Енфилд“, тренерот на Челзи, Чаби Алонсо, ја откри состојбата на Жоао Педро.

Голгерот, кој имаше одличен почеток на сезоната со пет гола и три асистенции во седум натпревари од Премиер лигата, повторно отсуствува поради повреда. Тој веќе беше повреден пред паузата за репрезентативни натпревари, а потоа не играше ниту на последниот натпревар на Челзи против Тотенхем.

Тренерот Чаби Алонсо откри дека станува збор за повреда на бутниот мускул и дека ќе биде надвор од теренот неколку недели.

Ова не е само лоша вест за навивачите на Челзи, туку и за многу играчи на мега популарната игра „Фaнтези Премиер лига“. Жоао Педро е втор играч по број на играчи кои го поседуваат, дури 65,5 отсто. Неспорен е Ерлинг Холанд со 78,2 отсто сопственост.

Foto/ Depositphotos

Поврзани вести