Алкараз се повлече од турнирот во Барселона

Карлос Алкараз го заврши учеството на турнирот во Барселона, каде што го помина првото коло.

Повеќекратниот Гренд слем шампион, и втор тенисер во светот се откажа поради проблеми со зглобот.

Сè уште не е познато дали финалистот на неодамна завршениот Мастерс во Монте Карло ќе игра на следниот турнир од серијата 1000, кој исто така се игра во Шпанија, односно во Мадрид.

Алкараз беше шампион на Барселона во 2022 и 2023 година, а минатата година беше поразен во финалето од Холгер Руне.

„Повредата е малку посериозна отколку што очекував. Морам да го слушам своето тело и да се осигурам дека ова нема да остави последици во иднина“, објасни Шпанецот.

Со повлекувањето на Алкараз, Томас Мачах директно се пласираше во четвртфиналето.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top