Американци го купуваат Наполи за две милијарди евра

Американски конзорциум понудил околу 2.000.000.000 евра за да го купи Наполи од семејството Де Лаурентис, објавуви „Атлетик“ повикувајќи се на неколку анонимни извори.

„Андердог Глобал Партнерс“, ги води преговорите во име на инвеститорската група, која сака да го продолжи развојот на клубот врз основа на наследството на Аурелио Де Лаурентис.

Де Лаурентис го презеде Наполи во 2004 година, кога клубот беше во третиот ранг на италијанскиот фудбал и на работ на банкрот, а оттогаш освои две титули во италијанското првенство, три италијански купа и еден Суперкуп.

Според „Атлетик“, Наполи официјално не е на продажба, но тоа не ги запре преговорите, кои траат веќе шест месеци.

„Андердог Глобал Партнерс“, веќе поседува мнозински удел во Кампобас, како и контролен удел во кошаркарскиот клуб Наполи Баскет.

Планот на конзорциумот вклучува кандидатура за франшиза во НБА Европа, како и формирање на мултиспортски систем со фудбалски и кошаркарски клуб од Неапол.

Понудата вклучува и инвестиции во инфраструктура, вклучувајќи ја приватизацијата и реконструкцијата на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Преговорите во моментов се во застој поради неколку спорни точки што ги истакна Де Лаурентис, но американските инвеститори очекуваат продолжување на разговорите во наредниот период.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top