Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим по само 14 месеци, а неговиот неуспешен престој во редовите на повеќекратните европски шампиони го чинеше клубот речиси 32 милиони евра.
Португалецот беше повикан во тренинг-центарот во Карингтон во понеделникот, каде што извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му врачија отказ по несогласувањата со клупските челниви, пред сите со Вилкокс.
Само отпремнината на Аморим е 10 милиони евра, со што вкупната цена на неговиот престој на „Олд Трафорд“ се искачи на неверојатни 32 милиони евра.
Јунајтед му плати 9,5 милиони евра на Спортинг Лисабон во октомври 2024 година за да го донесе Аморим во своете редови.
Неговата годишна плата беше 7,5 милиони евра, па отпремнината за остатокот од неговиот договор, кој важи до јуни 2027 година, е нешто над 11,5 милиони евра.
Клубот ќе мора да плати и за петчлениот тренерски персонал што пристигна со него од Португалија.
Foto/ depositphotos







