Англија ја победи Норвешка во третиот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство. Андреас Шјелдеруп ги доведе Норвежаните во водство, а потоа Џуд Белингам постигна два гола за пресврт и пласман во Топ 4.
Еве како англиските медиуми го видоа натпреварот.
Гардијан: Англија се протна, но покажа ширина и карактер
„Англија мораше да се бори, понекогаш имаше среќа, но едноставно не се откажаа и се извлекоа“, пишува Гардијан. Се истакнува дека ширината на ростерот и квалитетот од клупата, на крајот донесоа предност. „На крајот славеа, но без премногу еуфорија бидејќи сите беа целосно исцрпени“, додава Гардијан.
Би-Би-Си: Белингам повторно ја спаси Англија
„Од каде да почнам? Уште едно големо разочарување со примениот гол, но оваа Англија е цврста градба“, изјави Алан Ширер за Би-Би-Си. Тој истакнува дека во второто полувреме Англичаните мораа да страдаат и да се бранат под притисок, но повторно најдоа начин. „Не е изненадување што Џуд Белингам повторно ги спаси“, додаде Ширер.
Би-Би-Си: Не беше најдобрата претстава, но ја заврши работата
„Од каде воопшто да почнеме по ова? Повторно беа турнати на работ“, изјави Пол Робинсон за Би-Би-Си. Тој нагласува дека Англија не била вистинската, но дека најважно е што целта е постигната. Тој, исто така, ги критикува тактичките промени на Томас Тухел, но додава: „Тие се држеа до планот, а кога ги имате Џуд Белингам и Хари Кејн, имате играчи за големи натпревари“.
Сан: Кога го имате Белингам, секогаш имате шанса
„Токму кога помисливте дека е крајот на патот, патот до славата продолжува“, пишува „Сан“. Се истакнува дека Англија изгледаше како тим што си оди дома поголемиот дел од натпреварот, но сè се промени на крајот. „Кога го имате Џуд Белингам, секогаш имате шанса“, заклучува таблоидот.
Foto/ EPA







