Аргентинците го бојкотираа доделувањето на трофејот на Шпанците

Аргентина не покажа ништо и затоа и ја предаде светската круна на Шпанија. Без удар кон голот на Унаи Симон беа 117 минути. Ќе остане забележано дека два пати се обидоа до крајот на мечот, но обидот на Меси беше изблокиран, а ударот на Симеоне заврши над голот.

Срамната партија ја зачинија со низа инциденти по завршувањето на големото финале. Молина го удри Родри, Паредес го нокаутира Гави, а помошникот на Лионел Скалони, Ајала му удри шлаканица на Дани Олмо.

И за крај, Аргентинците им свртеа грб на Шпаницте кога Родри го крена пехарот наменет за шампионот.

Репрезентативците на Аргентина добија сребрени медали од рацете на американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а поразениот тим не се задржа на официјалниот протокол после тоа.

Повеќето од аргентинските фудбалери одбија да го видат моментот кога Шпанците го кренаа шампионскиот пехар.

Тие се упатија директно кон делот од трибините каде што имаше нивни навивачи.

Гласни навреди на сметка на новите светски шампиони доаѓаа од тој сектор во тој момент. Нешто подоцна, аргентинските фудбалери ги игнорираа и новинарите, ниту еден не застана да одговори на нивните прашања.

Scroll to Top