Арсенал, отворил преговори со Пари Сен Жермен во врска со францускиот репрезентативец Бредли Баркола, тврди шпански „Фихајес“. 23-годишникот се бори за место во тимот оваа сезона, бидејќи тренерот Луис Енрике го фаворизира напаѓачко трио Усман Дембеле, Дезире Дуе и Хвича Кваратцкелиа.
Незадоволството на фудбалерот, дека најчесто натпреварите ги започнува како резерва, ги поттикна гласините дека Баркола би можел да го напушти клубот оваа година.
Лондонските „топџии“ наводно се подготвени да застанат во редот за неговиот потпис, а менаџерот Микел Артета го гледа како решение за напаѓачката линија на својот тим.
Баркола, кој е опишан како „суперѕвезда“, се смета за еден од најдобрите крилни напаѓачи во светот, а неговата ситуација во Париз го привлече вниманието на бројни европски гиганти. Иако ПСЖ му понуди нов договор, се верува дека играчот е подготвен за нов предизвик за да игра поредовно и да го реализира својот целосен потенцијал.
Ова го натера Арсенал да го контактира францускиот клуб и да ја истражи можноста за трансфер што би можел да го сруши клупскиот рекорд. Парижаните наводно планираат да го освежат својот напад во текот на летото, и иако официјалниот став на клубот е дека Баркола не е на продажба, се верува дека дарежливата понуда, заедно со јасно изразената желба на играчот да си замине, би можела да го промени нивното мислење.
Арсенал моментално ги има Леандро Тросард, Букаја Сака, Нони Мадуеке, Габриел Мартинели и Еберечи Езе на крилата. Сепак, иднината на Мартинели во клубот е под знак прашалник, бидејќи Мадуеке и Сака ја претпочитаат десната страна, додека Езе е најкорисен кога игра во средниот ред.
Иако Артета има еден од најсилните тимови во светот, позицијата лево крило е сè уште област каде што тој сака дополнителен квалитет. Доаѓањето на Баркола би донело би создало совршена рамнотежа со брилијантниот Сака на десното крило. Таквиот напаѓачки арсенал би го направил клубот од северен Лондон сериозен кандидат во сите натпреварувања, вклучително и Лигата на шампионите.
Рекордниот трансфер Арсенал досега е Деклан Рајс, за кого на Вест Хем му беа платени 116 милиони евра, а се верува дека Баркола би можел да ја надмине таа сума.







