Атлетико му одговори на Реал: „Нè смеете повеќе од Барселона“

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид одговори со соопштение на соопштението на Реал Мадрид.

Кралевскиот клуб објави дека „јорганџиите“ одбиле понуда од 150 милиони евра за Хулијан Алварез.

„Официјално соопштение со наши појаснувања во врска со официјалното соопштение на нашите соседи:

1. Го прекинавте видеото со Папата на местото каде што вели дека е и навивач на Атлетико.

2. Се чини дека сте ја измешале учтивоста со благодарноста, но само да бидеме јасни: не ви благодариме за ништо.

3. Ниту разгледуваме, ниту ќе разгледаме понуда за Хулијан.

4. Како да не се сложуваме добро, кога нè смеете уште повеќе од Барселона.

П.С. Користејќи ги добрите односи со вашиот нов претседател, да видиме дали ќе престанете да „крадете“ играчи од нашата Академија. Ви благодарам многу!“, објави Атлетико.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top