Баерн го договори трансферот на Саибари

Исмаел Саибари ќе стане нов играч на Баерн. 25-годишниот напаѓач, неговиот клуб ПСВ Ајндховен и германскиот гигант ги договориле сите услови за реализација на трансферот.

Наскоро сè ќе биде официјализирано. Саибари ќе стане нов играч на Баерн и ќе отпатува во Минхен по завршувањето на Светското првенство, каде што е со мароканската репрезентација.

Овој фудбалер ќе ги помине медицинските прегледи во Соединетите Американски Држави. Тимот од Минхен ќе ја заврши својата работа во тренинг кампот на мароканската селекција, а потоа Саибари ќе го потпише договорот.

Исмаел Саибари е роден во Шпанија, но ги направил своите први фудбалски чекори во Белгија, чиј пасош поседува. Играл за младинските тимови на Андерлехт, Мехелен и Генк. Од 2022 година е во ПСВ. Експлодираше многу брзо во првиот тим и има учинок од 42 гола и 29 асистенции во 142 настапи.

За трансферот на Саибари, Баерн ќе издвои околу 40 милиони евра.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top