Интер Мајами е шампион на МЛС. Во спектакуларното финале одиграно во саботата, тимот од Флорида ги победи Ванкувер Вајткепс со 3:1 и со тоа ја освои својата прва титула откако се приклучи на лигата во 2020 година.
Финалето беше последен натпревар во величенствените кариери на Џорди Алба и Серхио Бускетс.
Тие го кренаа победничкиот пехар заедно со нивниот долгогодишен пријател и соиграч Лионел Меси. Друг соиграч на Меси, Бускетс и Алба од деновите кога играа заедно во Барселона, Хавиер Маскерано, го освои трофејот како тренер.
„Нивните кариери не заслужуваа ништо помалку од тоа да се збогуваат како шампиони. Ова се момците кои беа допрени од магичното стапче. Денес ги испраќаме како што заслужуваат затоа што напишаа историја во овој клуб“, рече Маскерано.
Шпанското дуо го напушта фудбалот со чувство на исполнетост.
„Ги остварив сите мои соништа, дури и повеќе отколку што некогаш сум сонувал. Среќен сум. Имав одлична кариера и горд сум на сè што постигнав“, рече Алба.
На неговите зборови се надоврза Бускетс, светскиот шампион од 2010 година.
„Направив сè, многу сум привилегиран поради патот што го поминав. Уживав во тоа и сега е време за нова фаза од мојот живот.“
Riding off into the sunset with one last trophy between them. 🌅
Jordi Alba 🤝 Sergio Busquets pic.twitter.com/7l46TSw5DG
— Major League Soccer (@MLS) December 7, 2025







