Бурата околу дербито на Манчестер не стивнува. Судиското тело на Премиер лигата призна дека единствениот гол требало да биде поништен, а најмногу критики добија судиите во ВАР собата.
Главната замерка на главниот во ВАР собата, Метју Донахју и Блејк Ентробас, е што не го повикале главниот судија на теренот, Мајк Оливер, да ја погледне целата акција по која Халанд постигна гол.
ВАР судиите, Мет Донахју и Блејк Ентробас нема да судат за време на викендот.
Голот на Халанд, не беше единствената спрона ситуација, поради што на критики се изложени судиите во ВАР собата.
Внимание привлече и црвениот картон за Фил Фоден, по дуелот со Бруно Фернандеш.
Играчот на Сити доби црвен картон, одлуката на Оливер ја потврди Донахју и тука ништо не е спорно. Критиките кон Донахју одат бидејќи не виде дека Фернандеш претходно го фаулира, а потоа и го удира Фоден.
Овој дел од акцијата, во ВАР собата не го гледаа.
Foto/ EPA







