Вардар ги доби ривалите во ЛШ

Ракомеатерите на македонскиот шампион Вардар 1961 го дознаа противниците во Лигата на шампионите. Вардар 1961 се врати во елитното натпреварување откако доби специјална покана од ЕХФ.

Противници на црвено-црните ќе бидат Нант, Мелсунген и Висла Плоцк.

Распоред на натпреварите на Вардар:
9/10 септември 2026: Мелсунген – Вардар
16/17 септември 2026: Вардар – Нант
7/8 октомври 2026: Вардар – Висла Плоцк
14/15 октомври 2026: Висла Плоцк – Вардар
21/22 октомври 2026: Вардар – Мелсунген
27/28 октомври 2026: Нант – Вардар

Иако елитното натпреварување е проширено, системот на натпреварување е таков што нема да има повеќе натпревари. Имено, по две екипи од шесте групи ќе се квалификуваат во фазата ТОП 12, каде што ќе се формираат две групи од по шест екипи, а нокаут фазата ќе започне со четвртфиналните натпревари.

Екипите кои нема да се квалификуваат во фазата ТОП 12 од Лигата на шампионите, ќе ја продолжат својата европска приказна во Лига Европа.

ГРУПА А: Веспрем, Фуксе Берлин, Порто, Партизан
ГРУПА Б: Нант, Мелсунген, Висла Плоцк, Вардар 1961
ГРУПА Ц: Алборг, Пари Сен Жермен, Загреб, Целје
ГРУПА Д: Спортинг Лисабон, ПИК Сегед, ГОГ Гудме, Кристијанштад
ГРУПА Е: Барселона, Монпелје, Динамо Букурешт, Архус
ГРУПА Ф: Магдебург, Кјелце, Колштад, Криенс Луцерн.

foto/ rkvardar.com.mk

Scroll to Top