Аргентинецот Кристијан Фабијани Фабијани повеќе не е тренер на актуелниот македонски шампион, Вардар. Клубот се раздели со тренерот по поразот во дербито против Шкендија (0:2).
„ФК Вардар АД Скопје и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на договорот, кој стапува во сила веднаш“, објави клубот во кратко соопштение на социјалните мрежи.
Поразот од Шкендија беше „капката што ја пречи чашата“, бидејќи Вардар делуваше неубедливо од почетокот на сезоната. На стартот испадна во квалификациите за Лигата на шампионите, а потоа и од кквалификациите за Конференциската лига.







