Пред ждрепката за второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите (12.00 часот), УЕФА го скрати списокот на потенцијални ривали на Вардар. Секако за да дојде до втората рунда, македонскиот првак ќе треба да го елиминира КуПС во првото коло.
Она што не е добро за Вардар е што меѓу потенцијалните противници се шампионите на Шведска (Мјалби) и Данска (Архус) кои стартуваат од второто коло, па затоа ќе биде многу подобро да се извлече еден од четирите победници од првото коло.
Пред ждрепката за второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите, УЕФА создаде групи за полесно да се одредат паровите (двапати по шест).
Потенцијални ривали на Вардар:
Арарат (Ерменија) – Рига (Латвија)
Кеј Клаксвик (Ф. Острови) – Атерт (Луксембург)
Тре Фјори (Сан Марино) – Ларне (Северна Ирска)
Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс)
Архус (Данска)
Мјалби (Шведска)
Натпреварите од второто коло од квалификациите ќе се играат на 21/22. и 28/29 јули
Доколку Вардар не успее да го победи КуПС и да се плаира во второто коло, во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, македонскиот првак натпреварите ќе ги продолжи во Конференциската лигата.
Можни противници таму, во втората рунда се победниците од дуелите: Арарат (Ерменија) – Рига (Латвија), Сабах (Азербејџан) – ТНС (Велс) и Кауно Жалгирис (Литванија) – Дрита (Косово).
Можните противници во втората квалификациска рунда во Конференциската лига ги дознаа Шкендија и Силекс.
Доколку Шкендија ја оправда фаворитската улога против екипата од Гибралтар, Европа ФЦ, во второто коле ја чека: ДАЦ (Словачка), Дечиќ (Црна Гора) – Леипаја (Латвија), пакс (Унгарија), Браво (Словенија) и ЦСКА Софија (Бугарија) – Дери Сити (Ирска).
Силекс, во првото коло треба да го мине Динамо Минск за да дојде до дуел со: Нефчи (Азербејџан), Дила Гори (Грузија) – Виртус 19654 (Сан Марино), Хапоел Тел Авив (Израел), Шериф (Молдавија) – Алуминиј (Словенија), Валета (Малта).
Дуелите од втората квалификациска рунда во Конференциската лига се закажани за 23. и 30.јули.







