Англискиот напаѓач Џејми Варди е на прагот да се врати во Премиер лигата.
Минатата сезона играше за Кремонезе во Италија, а сега е слободен играч, откако му истече договорот, а клубот од Кремона испадна во Серија Б.
Варди е блиску до потпис со Евертон, кој се најде во непријатна ситуација да има само еден напаѓач во тимот, објавува „Сан“.
Бето беше продаден на Фиорентина, а клубот не успеа да го заврши трансферот на Флоријан Белогун од Монако, а Ришарлосон не сакаше да се врати во клубот. Варди треба да ја пополни таа празнина во тимот на Дејвид Мојес.
Варди има 39 години, а неговото „златно доба“ беше кога играше за Лестер, со кого ја освои историската титула во Премиер лигата во 2016 година.
Овој фудбалер беше репрезентативец на Англија 26 пати.
Foto/ Depositphotos







