(Видео) Аморим лут ја напушти прес конференцијата

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, ексресно ја напушти прес-конференцијата по нерешениот резултат (1:1) против Лидс.

Манчестер Јунајтед повторно делува лошо на теренот. Без оглед на повредите и отсуствата, тимот успеа да освои само два бода против екипи како Вулверхемптон и Лидс, во последните две рунди.

Нервозата расте, се шпекулира дека исклучително е лош одосот меѓу менаџерот Аморим и директорот за фудбал на Јунајтед, Џејсон Вилкокс.

Вилкокс сака Португалецот да се прилагоди повеќе тактички на она што го има на располагање. Од друга страна, стратегот на Јунајтед наводно е разочаран што клубот нема да биде премногу активен за време на јануарскиот преоден рок.

По ремито против Лидс, Аморим се соочи со многу непријатни прашања. Тој нагласи дека

„Не се викам Томас Тухел, ниту Антонио Конте, ниту Жозе Мурињо, но јас сум менаџер на Манчестер Јунајтед. Тоа ќе остане така во следните 18 месеци или кога одборот ќе одлучи да го промени тоа. Тоа е она што сакам да го кажам и сакам да заврши со тоа. Нема да се откажам. Ќе си заминам кога друг човек ќе дојде тука и ќе ме замени.

Дојдов тука да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед, а не тренер и сите во клубот, од скаутингот, спортскиот директор, треба да си ја работи својата работа, јас ќе си ја работам мојата. Ќе заврши за 18 месеци и сите ќе продолжат понатаму“, рече Аморим и потоа демостративно ја напушти прес салата.

Foto/ depositphotos

Scroll to Top