Фудбалерите на Арсенал го победија Интер, со 3:1 во дербито на вечерта, во претпоследното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Арсенал неочекувано убедливо победи на гостински терен во Милано и ја потврди својата феноменална форма, а сега има 7 победи во 7 натпревари.
Ова беше трет пораз на Интер по ред по серијата од четири победи на почетокот на сезоната. Интер загуби од Атлетико во Мадрид и од Ливерпул и Арсенал во Милано.
Три од четири гола беа постигнати во првото полувреме.
Габриел Жежус, доби шанса пред Виктор Ѓокереш и му се заблагодари на довербата на менаџерот Артета со два гола. Бразилецот ја погоди мрежата двапати за гостите од Лондон, во 10-тата и 31-вата минута, додека хрватскиот интернационалец Петар Сучиќ беше стрелец за домаќините, кога изедначи на 1:1.
Навивачите на Интер се надеваа до самиот крај, но Ѓокереш стави крај во 84-та минута.
Во последното коло од групната фаза на ЛШ, Интер гостува вој Дортмунд на 28 јануари, додека Арсенал го пречекува последнопласираниот Каират истиот ден.
Наполи во Копенхаген од 26-та минута играше со играч повеќе и не успеа да победи. Елиф Елмас му асистираше на Скот Мектоминеј во 38-та минута за водство на Наполитанците.
Изедначи Ларсон во 72-та минута, откако голманот Милинковиќ-Савиќ го одбрани неговиот пенал, топката му се врати и ја смести во празната мрежа.
Елмас играше до 80-та минута, кога на неговото место влезе Лука.
Европскиот првак ПСЖ не успеа да победи во Лисабон. Луис Суарез ги урна „свеците“. Колумбиецот вториот гол го постигна во 91-та минута.
Резултати:
Каират – Клуб Бриж 1:4 (0:2)
/Садибеков 90+2 – Станковиќ 32, Ванакен 38, Вермант 74, Мехеле 84/
Боде Глимт – Манчестер Сити 3:1 (2:0)
/Хег 22, 24, Хауге 58 – Шерки 60/
Тотенхем – Дортмунд 2:0 (2:0)
/Ромеро 14, Соланке 37/
Виљареал – Ајакс 1:2 (0:0)
/Олувасеји 49 – Глух 61, Едвардсен 90/
Олимпијакос – Баер Леверкузен (2:0)
/Коштиња 2, Тареми 45+1/
Спортинг – ПСЖ 2:1 (0:0)
/Суарез 74, 90 – Кварацхелија 79/
Интер – Арсенал 1:3 (1:2)
/Сучиќ 18 – Жезус 10, 31, Ѓокереш 84/
Реал Мадрид – Монако 6:1 (2:0)
/Ембапе 5, 26, Мастантуоно 51, Керер 55аг, Винисиус 63, Белингем 80 – Тесе 72/
Копенхаген – Наполи 1:1 (0:1)
/Ларсон 72 – Мектомини 39/
Foto/ EPA







