(Видео) Бразил во 95-та минута се спаси од пораз против Австралија

Фудбалерите од Австралија и Бразил ремизираа 1:1 во пријателски натпревар одигран во Квинсленд.

„Селесао“ на Анчелоти и овој пат беше неубедлив, па дури беше и на работ на пораз, кој го избегна благодарение на голот на напаѓачот на Борнмут, Рајан, во петтата минута од судиското продолжение.

Набргу потоа, судијата означи крај на натпреварот.

Претходно, стрелец на голот за Австралија момчето родено пред 20 години во Танзанија, Нестори Иранкунда.

Фудбалерто на Спортинг од Лисабон, мајсторски слободен удар, во 23-та минута, совршено го префрли „ѕидот“ на Бразил, не оставајќи му можност на голманот Уго Соуса да реагира.

Со салто, во стилот на легендарниот Обафеми Мартинс, голгетерот го прослави совршениот момент.

До крајот, „кенгурите“ не успеаја да се одбранат, иако беа многу блиску до голема победа, втора досега над Бразил (првата беше во 2001 година на Купот на конфедерации).

По сè што се случуваше нерешено е најреалниот резултат.

Бразил се обиде преку Ендрик, Естевао, Винисиус и моментално најдобриот меѓу нив, Рафиња.

Сепак, ниту еден од гореспоменатиот квартет не успеа да најде пат до мрежата на „Сокерос“. Во критичните моменти, херој на Австралија беше голманот Бич.

До крајот сепак бедемот на Австралија не издржа. На крајот, Рајан беше спасителот на Бразил.

Анчелоти го внесе во игра во 76-та минута наместо Естевао, а Рајан, го постави конечниот резултат со удар со глава.

Интересно, овие две селекции ќе одиграат за четири дена, во Бризбејн уште еден натпревар, што ќе биде нова можност за тимот на Анчелоти да го подобри впечатокот.

Foto/ EPA

Scroll to Top