Фудбалската репрезентација на Македонија, во Истанбул, доживеа тежок пораз од Турција (4:0).
На „Шукур Сарачоглу“ стадионот, избраниците на Гоце Седлоски беа во подредена положба во текот на целиот натпревар. Во еден момент впачатокот беше дека Турците играат со половина од силите..
Во првиот напад, Узун ја погоди гредата од голот на Димитриевски, а минута подоцна Кокчу го постигна првиот гол. Она што не успеа во првата, Узун го направи во 16-та минута, кога погоди од работ на шеснаесетникот.
2-0 POUR LA TURQUIE GRÂCE A CAN UZUN PETIT FILET ! 🇹🇷❤️
PREMIÈRE TITULARISATION PREMIER BUT 🥳 pic.twitter.com/ogOgsbkjln
— Joueurs Turcs🇹🇷 (@JoueursTR) June 1, 2026
Македонија својата шанса не ја искорсити во финишот на првиот дел кога Бајнадир го одбрани ударот на Алиоски.
Во вториот дел иста слика на теренот и уште два гола во мрежата на Македонија. Гул по една мешаница во шеснаесетникот погоди во 53-та минута, а конечниот резултат го постави Јилмаз во 70-та.
Foto/ ffm.mk







