ЛА Лејкерс и Денвер Нагетс славеа победи на гостувањата во Источната конференција.
Денвер потешко од очекувањата победи во Шарлот со 115:106. Но, добрата вест за навивачите на Денвер е дека Џамал Мареј, кој дефинитивно е во одлична форма, одигра уште еден одличен натпревар.
Мареј беше најефикасен кај Нагетс. Тој постигна 34 поени, 23 во првата четвртина. Јокиќ беше на еден скок од нов трипл-дабл. Тој постигна 28 поени (11/16 од поле, 4/8 од три), 11 асистенции, девет скока и една украдена топка. Од другата страна, Бриџис се истакна со 24 поени, девет скока и осум асистенции.
Лејкерси победија во Филаделфија со 112:108, а повторно блескаше Лука Дончиќ. Словенецот се врати со стил по пауза од два натпревари. Тој забележа трипл-дабл од 31 поен, 15 скока и 11 асистенции и го водеше тимот до нова победа.
Покрај Дончиќ, Леброн Џејмс имаше значајна улога. Тој забележа 29 поени, седум скока и шест асистенции. На другата страна, Макси ја предводеше Филаделфија со 28 поени, девет асистенции и седум скока, додека Џоел Ембиид постигна 16 поени со 4/21 шут и седум скока.







