(Видео) Дениз Ундав ги скроти „Слоновите“

Германската фудбалска репрезентација направи голем пресврт и славеше пбеда во дуелот со Брегот на Слоновата Коска со 2:1 во натпреварот од второто коло од Групата Е. Брегот на Слоновата Коска водеше од 30-та минута, а Денис Ундав ја донесе победата на Германија од клупата со два гола. Со оваа победа, Германија обезбеди место во нокаут фазата на Светското првенство.

Германија беше подобриот противник во првите 20 минути, Германците создадоа неколку можности, еден гол беше оправдано поништен поради прекршок врз голманот.

А потоа дојде паузата за реклами, или како што некои велат, крај на првата четвртина.

И во првата акција по паузата, Брегот на Слоновата Коска постигна гол. Јан Диоманде испрати одлична топка во шеснаесетникот, Браун го блокираше првиот обид, но топката дојде до капитенот на „Слоновите“, Франк Кеси, кој брилијантно реагираше и ја испрати топката зад грбот на Мануел Нојер, кој стана рекордер во овој натпревар – ниеден голман пред него не одиграл 21 натпревар на Светското првенство. Се играше 30-та минута.

Интересна статистика кажува две работи – Брегот на Слоновата Коска постигна гол во првото полувреме на Светското првенство за прв пат во последните седум натпревари, а Германија победи само еднаш кога прими гол во натпреварот од Светското првенство во последните десет натпревари (два нерешени и седум порази).

Во продолжението, неколку шанси на двете страни, уште еден оправдано поништен гол на Германците и водство на Брегот на Слоновата Коска на полувреме.

Почетокот на второто полувреме им припадна на „Слоновите“, Германија без можност да организира вистински напад и да созаде шанса. Замена на Шлотербек, кој играше повреден од десеттата минута, а потоа и тројна замена во 60-та минута. Се покажа дека тоа и требаше на Германија.

Германците не блескаа во второто полувреме, но ја градеа играта и во 68-та минута израмнија. Амири испрати одличен центаршут, а Дениз Ундав брилијантно го следеше и успеа да постигне гол. Ундав влезе во 60-та минута, ова е неговиот 11-ти натпревар за репрезентацијата и неговиот осми гол.

Притисокот на Германија стивна по паузата за освежување (или реклама), Брегот на Слоновата Коска повторно оживеа, но повредата на Вилфред Синго ги загрижи „Слоновите“. Се чини дека е задна ложа и прашање е дали ќе го видиме во остатокот од Светското првенство.

Во самиот финиш, Адингра пропушти одлична можност за Брегот на Слоновата Коска во 88-та минута, а само 30 секунди подоцна, Фофана го запре Вирц и спречи неговиот тим да биде казнет за ова промашување.

Казната сепак стига, во најлош момент во 94-та минута и повторно стрелец беше Денис Ундав, кој прерасна во апсолутен херој.

Во последното коло Германија ќе игра против Еквадор, а „Слоновите“ за противник ќе го имаат Курасао.

Foto/ EPA

Scroll to Top