(Видео) Долги редици пред финалето Шпанија – Аргентина: навивачите чекаат и по два и пол часа за влез поради протоколи

Неколку часа пред финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, пред стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси се создадоа огромни редици, а навивачите чекаат и повеќе од два и пол часа за влез.

Причина за застојот се засилените безбедносни контроли, кои овојпат ги спроведува американската полиција поради присуството на бројни високи функционери, меѓу кои и американскиот претседател Доналд Трамп.

Дополнителен проблем создава тоа што истите влезови ги користат и навивачите и акредитираните лица, што уште повеќе ги зголеми гужвите пред почетокот на финалето.

Scroll to Top