Фудбалерите на Ливерпул не успеаја да го победата „фенерџијата“ Барнли. На „Енфилд“ натпреварот заврши 1.1.
„Црвените“ четврти пат по ред одиграа нерешено во првенството. Интересно, прв пат во историјата, Ливерпул не успеа да победи на домашен терен ниту еден од тимовите што изборија пласман во Премиер лигата.
Избраниците на Арне Слот имаа сè во свои раце, и покрај промашениот пенал на Доминик Собослај во 32-та минута. Само 10 минути подоцна, Флоријан Вирц го искористи додавањето на Кертис Џонс.
Барнли заигра подобро во продолжението и во 65-та минута Маркус Едвардсј ја погоди малата мрежа на Алисон Бекер.
Домашните нападнаа во финишот, Коди Гакпо, Уго Екитике имаа шанси, но Мартин Дубравка беше на висина на задачата.
Ливерпул е четврти на табелата со 36 бода, додека Барнли е 19-ти со 14 бода и чека на победа речиси три месеци.
Во истиот термин Челзи беше подобар од Брентфорд на домашен терен – 2:0.
Ова беше првиот натпревар на Лиам Розениор како менаџер на „сините“ во Премиер лигата. Пред тоа, го победија Чарлтон во ФА Купот, додека загубија од Арсенал во Лига Купот.
Брентфорд играа добро на „Стемфорд Бриџ“, имаа свои шанси, кои не ги искористија, за разлика од домаќините.
Во 26-та минута, Жоао Педро ја искористи слабата реакција на одбраната на гостите, а Кол Палмер го постигна конечниот резултат од пенал во 76-та минута.
Челзи славеше во првенството по пет натпревари без победа и го прескокна Брентфорд. Има 34 бода, еден повеќе од денешниот ривал.
Резултати:
Лидс – Фулам 1:0 (0:0)
(Нмеча 90+1)
Сандерленд – Кристал Палас 2:1 (1:1)
(Ле Фе 33, Броби 71 – Пино 30)
Тотенхем – Вест Хем 1:2 (0:1)
(Ромеро 63 – Самервил 15, Вилсон 90+3)







