(Видео) Лидс јунајтед по 39 години се полуфиналисти во ФА купот

Фудбалерите на Лидс победија како гости кај Вест Хем по изведувањето на пенали и се пласираа во полуфиналето на ФА Купот. Лидс, по пауза од 39 години ќе игра во полуфиналето на најстарото фудбалско натпреварување во светот. Ден претходно пласман во полуфиналето изборија Манчестер Сити, Саутемптон и Челзи.

Натпреварот во Лондон беше спектакуларен, дуел кој долго ќе се прераскажува.

Лидс беше на чекор до победата во регуларниот дел од натпреварот. Клубот од Јоркшир, имаше предност до третата минута од судиското надополнување на времето, со головите на Танака и Калверт-Лувин.

Но домашните се врати со головите на Ферандес во 93-та и Дисаси во 96-та минута.

На крајот решаваа пеналите. За Лидс погодија Калверт-Лувин, Брендан Андерсон, Вилфред Њонто и Паскал Струјк.

Сепак херој на Лидс е голманот Џоел Пиро, кој ги одбрани ударите на Џарод Бовен и Пабло во пенал рулетот.

Scroll to Top