(Видео) Молк за „Монументал“ – 52 тони хартија фрлени залудно

Фудбалерите на Боке Јуниорс го добија најважниот натпревар против најголемот ривал Ривер Плата со 1:0.

Стрелец на единствениот гол за гостите беше Леандро Паредес од пенал во првото полувреме, а голот го прослави, како што во минатото славеше Хуан Роман Рикелме, денес претседател на Бока, со двете раце на ушите пред навивачите на најголемиот ривал.

Тоа беше мала почит кон големиот мајстор, а се покажа како одлучувачки момент на најголемиот натпревар на аргентинскиот, но, за многумина, и на јужноамериканскиот фудбал.

И покрај иницијативата и полушансите, Ривер не успеа да одговори конкретно по што забележа болен пораз пред полни трибини во неверојатна атмосфера.

Новото „Суперкласико“ ќе се памети и по еден необичен навивачки подвиг.

Имено, во деновите пред натпреварот, навивачите на Ривер рачно искинаа 52 тони хартија и го донесоа тој товар на стадионот.

Пред играчите да излезат на теренот, конфетите летнаа низ воздухот. Патем, ова е најголемата количина конфети фрлена на еден фудбалски натпревар некогаш забележана во историјата на фудбалот.

Глетката беше импресивна и го обиколи светот.

На крајот, фудбалерите на домашната екипа не успеаја да им се оддолжат на своите страствени навивачи за ваквата поддршка, овој пат ги разочараа, останувајќи без победа и без да постигнат гол против својот најголем ривал.

Ова беше четвртиот пораз на Ривер во 15 натпревари во Апертура, и првиот под водство на новиот тренер Едуардо Куде, кој го презеде тимот на почетокот на март.

Бока има скор 6-6-2 во Апертура.

Foto/ EPA

Scroll to Top